Поларната светлина Аурора Бореалис, спектакуларниот визуелен феномен кој се гледа на Антартикот и Арктикот, наредните денови ќе биде видлив и во други делови од светот. Како што пишува ББС, тоа е благодарение на геомагнетна олуја која ќе ја погоди Земјата.
Стручњаците од Националниот институт за океани и атмосфера на САД, оценуваат дека олујата ќе биде со умерен интензитет, но доволно јака за поларната светлина да се види со голо око во Канада и на северот од САД.
Геомагнетната олуја е феномен кој настанува поради промени во земјината магнетосфера. Се случува кога се судруваат соларни ветрови, односно кога честички преминуваат преку соларниот систем и земјиното магнетно поле.
Аурора Бореалис е природна појава на светлина на небото, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата. Таа е позната и како поларна аурора или колективно, како поларни светлини (аурори).
Поларната светлина обично има зелена боја, а понекогаш и нијанси на розева и црвена. Настанува на висина од 80 до 160 км над Земјата.