Нашата планета ротира околу својата оска со брзина од 1674 km/h – иако ние тоа не го чувствуваме но, запирањето на Земјата сигурно би го почувствувае, тврдат научниците кои направиле проекции и издвоиле 10 работи што би се случиле, доколку Земјата одеднаш престане да се врти околку својата оска.

Постојат многу сили кои се неведливи, но кои овозможуваат нашиот свет да функционира нормално, Луѓето обично не размислуваат за работите кои нѐ штитат од апсолутно уништување – од гравитацијата, до влијанието на магнетното поле. Меѓутоа, многу реално може да се претпостави дека во моментот кога Земјата би престанала да се врти, најголемиот број од луѓето би умреле со ужасна смрт.

„За нас тоа би било како да сме во автомобил кој наеднаш застанал во место додека  претходно се движел со брзина од  1674 km/h. Нашето тело би се претворило во куршум со калибар од 22 сантиметри“ -објаснува научникот Мајкл Стивес.

Човечките тела околу екваторот би полетале кон исток со брзина од  465 m/s , а како последица на тоа веднаш би се распадне во маса од  мускули и коски, додека на половите луѓето би преживеале само малку подолго.

Оние кои – заради некое чудо би преживеале, би се претвориле во „суперсонична ротирачка трева“ и би се соочиле со ужасни ветрови. Таквите јаки ветрови би уништувале сѐ пред себе и би биле слични како тие предизвикани од  детонација на атомска бомба. Брзината на ветровите би била толку голема што би предизикала пожари на целата планета што пак би предизвикало ерозија на скоро сѐ што постои на површината на земјината кора.

Магетното поле на Земјата би престанало да постои, па сѐ на неа би било изложено на смртоносна количина од јонизирачко зрачење. Земјата би станала совршена топка. Според ова сценарио би дошло и до редукција на океаните, огромни цунами дополнително би ја уништиле планетата, а водата би се движела кон половите. Без ротација, еден ден на Замјата , односно на делот свртен кон Сонцето би траел 365 дена. На спротивната страна сѐ би смрзнало, додека на сончевата страна, поради високата темпеатура, најголемиот дел од животот би исчезнал.

Погледнете го видеото за 10-те рабити што би се случиле ако престане ротацијата на Земјата.

Поддржете ја нашата работа: