На површината на Месечината е откриена замрзната вода

Знаци на замрзната вода се откриени на јужниот и северниот пол на Месечината. Мразот се наоѓа во делови кои обично се заштитени од директна Сончева светлина.

Резултатите од мисијата се објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS). Дистрибуцијата на наслаги од мраз е нееднаква. На јужниот пол, поголемиот дел од мразот е концентриран во кратери, додека на северниот пол, мразот е поредок но со поголема површинска распространетост.

Научниците во индиската мисијата користеле уред за мапирање на минералот М3 и идентификувале три спецификации на мраз на површината на Месечината. М3 директно и го измерил начинот на кој молекулите од мразот ја апсорбираат инфрацрвената светлина, а тоа значи дека можат да се забележат разлики во агрегатните состојби.

Температурите на Месечината преку ден можат да достигнат 100 Целзиусови степени, поради што тамошните услови за површинскиот мраз не се поволни. Меѓутоа, дневната светлина не доаѓа до некои точки на половите, а температурите во постојано засенетите кратери на половите не се искачуваат над -157 степени.

Резултатите од мисијата ги оправдуваат предходните индиректни детекции на површински мраз на јужниот пол од Месечината, меѓутоа, тие резултати никогаш не го докажаа присуството на мраз. Ако постои доволно мраз на површината, во првите неколку милиметри водата би можела да биде достапна како ресурс за идните човечки мисии на Месечината.

Претходно, површински мраз е пронајден и на други тела од Сончевиот систем, на северниот пол од Меркур и на џуџестата планета Церера, која е најмала во Сончевиот систем и единствена во астероидниот појас.

Поддржете ја нашата работа: