Најдобрата апликација за броење на калории


„MyFitnessPal“ (бесплатна, iOS, Android) има повеќе функции во својата бесплатна верзија од која било друга ваква апликација, а и е особено добро дизајнирана. Апликацијата зема податоци за вашата тежина и тежината која сакате да ја постигнете, па пресметува препорачан „буџет“ на калории за секој ден. Тој буџет се појавува на екранот, заедно со бројач на калориите кои сте ги внеле тој ден или пак сте ги истрошиле со вежбање. Кога ќе кликнете на буџетот, апликацијата ќе ве однесе до дневник на храната која дотогаш сте ја изеле, а постои и база на податоци за полесно да пребарувате низ храната. Вклучен е и скенер за баркодови, кои ќе ви овозможи брзо да ги внесете податоците за хранливите материи од спакуваната храна.

Една од најдобрите карактеристики на „MyFitnessPal“ е можноста да преземе рецепти директно од интернет и да го процени бројот на калории. Има и графикони за следење на напредокот во текот на една година, па и повеќе. Корисниците исто така може и да учествуваат во форумот на апликацијата, каде што можат да споделуваат рецепти, совети за слабеење и успешни приказни со останатите корисници.

На второ место се наоѓа апликацијата „Lose It!“ (бесплатна,iOS, Android) која нема некои од функциите на  „MyFitnessPal“, меѓутоа полесна е за управување. Само ги внесувате податоците за вашата тежина, висина, возраст и тежина која сакате да ја постигнете и добивате препораки за дневно внесување на калории.

Други исто така добри апликации се „SparkPeople Calorie Counter & Weight Loss“, „CHRON-O-meter“, „Noom Coach“, „MyNetDiary Calorie Counter and Food Diary“ и „FatSecret“.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.