Најлесниот метал на светот

Пред неколку години, научниците го создадоа најлесниот метал на светот за авиокомпанијата „Боинг“. Сега, компанијата за прв пат го покажува во ова видео.

Материјалот е 100 пати полесен од стиропорот, но е изработен од метал, што значи дека има прилично возбудливи примени. Дури може и да се постави на врвот на едно глуварче. Погледнете!

 

Материјалот претставува микро решетка, чиј изглед е многу сличен на класичните конструктивни решетки, но сепак поради димензиите на составните елементи, физичките својства се многу поразлични.

Микрорешетката претставува тродимензионална отворено целуларна полимерна структура, што често може да се спореди со структурата на коските чија надворешна површина е структурно јака, а внатрешност шуплива.

Микрорешетката е многу слична на решетките што се користат кај мостовите, зградите, далноводите и сл. само што тука шупливите метални цевки изработени од никел се со дебелина на ѕидот од само 100 нанометри, што е за 1.000 пати потенко од човечкото влакно.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt