Најпаметното момче во Европа е Лоран Симон (8), студент на три факултети

Осумгодишниот Лоран Симон стана студент на три престижни универзитети во Холандија, Белгија и Германија и ја доби титулата најпаметно момче во Европа. Тој има многу висок коефициент на интелигенција – 145 – а пред да ја добие титулата „најмлад студент во историјата“, основното училиште го завршил за само 2 години.

Симон, кој во основно училиште се запишал на 4-годишна возраст, за белгиската радио станица RTBF изјави дека омилен предмет му е математика и дека размислува да стане хирург или астронаут, но го привлекува и информатичката технологија.

Според Би-Би-Си, неговиот татко, изјавил дека додека Симон бил мал имал проблем да си игра со останатите деца, како и дека никогаш не го интересирале играчки.

Поддржете ја нашата работа: