“Најважната табела на светот”

Џонатан Хајд (анг. Jonathan Haidt), психолог на Универзитетот во Њујорк, кариерата ја започнува како интелектуалец и либерал, но по некое време почнува да ја цени можноста на слободниот пазар да го подобри животот на сиромашните. Во почетокот на оваа година напишал есеј во кој укажува на онаа што тој ја нарекува „најважната табела на светот.”

Табелата се заснова на податоците со кои Ангус Медисон укажува на масивен пораст на богатството во светот во текот на последните два века, пишува авторот на блогот „humanprogress.org.
sl1-3

“Големото обогатување“ предизвикува ралични реакции во различни делови низ светот, наведува Хајд. „Кога го покажав овој график во Азија,“ наведува тој, „публиката го прифати со задоволство и се чини дека го сфаќаат како инспиративен патоказ“.

Но кога ја покажал оваа шема во Европа и Северна Америка, често примал амбивалентни реакции. „Забелешките доаѓаат ислучиво од политичката левица, која има историја на неодлучност или отворено непријателство кон капитализмот која се протега со векови.” тврди Хајд.
sl2-1При изнесувањето на говорот за предноста на слободниот пазар, публиката во Европа и Америка секогаш верува во ограничената природа на растот и изразува загриженост за сосојбата на животната средина.

Хајд тврди дека капиталистичкиот просперитет ја менува човечката свест. Во пред-индустриското општество, луѓето биле загрижени за опстанок. „Како што општеството станувало побогато, така животот им станувал посигурен, не само поради намалувањето на болестите, гладот и ризикот од природни катастрофи, туку и поради намалувањето на политичката бруталност. Луѓето добивале права. „Таквите просперитетни генерации, според Хајд, почнувале да се грижат за прашања како што се правата на жените, правата на животните, за правата на хомосексуалците, и човековите права. „Луѓето почнуваат да очекуваат повеќе од животот, отколку од нивните родители”.

Сето ова е во ред, се додека „привилегираните” млади од Западот и Далечниот Исток, не се сетат дека околу 800 милиони луѓе на светот, многу од нив во Африка, и понатаму живеат во апсолутна сиромаштија и се соочуваат со егзистенцијална криза, која може да се реши само со помош на слободниот пазар. „Исклучувањето на најсиромашните од пристапот до ефтини фосилни горива, на пример, може да значи смрт на доенчиња во електричен инкубатор во рурална Африка.”

Маријан Тапу (анг. Marian Tupy), автор на блогот „humanprogress.org“, во написот завршува со две главни мисли. Прво, не постои очигледна причина зошто растот не треба да продолжи на неодредено време, иако растот во иднина веројатно ќе зависи повеќе од технолошките промени отколку порано. На Запад, на пример, не може да се реплицира растот кој резултирал со влез на голем број жени (50 отсто од населението) во работна сила.

Второ, не смее да се падне во замка, размислувајќи дека почетната фаза на индустријализацијата е лоша за животната средина. Дел од причината за започнување на индустриската револуција во Англија била префрлувањето од дрвата на јагленот, како извор на енергија. Индустријализацијата и последователното обогатување ги спасило европските шуми, а тоа може да се направи и во Африка, заклучува Тапи.

 

sl3-1

Поддржете ја нашата работа: