Научниците развиле инсулинска таблета која може да стане “светиот грал” при лекување на дијабетес. Истражувачите создале пилула која драматично може да го трансформира начинот на кој дијабетичарите го одржуваат нивото на шеќер во крвта.
Се надеваме дека оралната примена на инсулин би можела да ја отстрани потребата за болните инјекции кои засега се единствен начин на кој околу 40 милиони лица кои живеат со дијабетес тип 1 секојдневно го применуваат.
Во истражувањето, експертите од Harvard John A. Paulson School of Engineering and Applied Sciences (SEAS) наведуваат дека конечно е пронајден нов начин за примање на инсулин по пат на орална употреба.
Тие велат и дека пилулата може да ублажи многу контраидикативни ефекти кои го загрозуваат животот кај пациентите кај кои се избегнува терапија со инсулин, која се применува со давање на поткожни инјекции или кои се аплицираат со помош на инсулинска пумпа.
“Откако ќе се проголта пилулата, инсулинот тргнува на предизвикувачки пат низ дигестивниот систем за поефективно да се апсорбира во крвотокот”, вели Samir Mitragotri кој е ко-автор на студијата.
Со цел да се спротивстават на прерано растворање на инсулинот и желудочна киселина, истражувачите користеле капсула со премачкан слој кој е отпорен на киселини. Кога тој премаз дојде до алкална околина во тенкото црево се разградува и испушта инсулин.
Според истражувачите, ваквата форма на инсулин може да се чува до два месеци на собна температура, што е подолго од некои инјекции кои моментално се наоѓаат на пазарот.
Научниците се надеваат дека ќе добијат одобрување за напредни клинички испитувања на луѓе бидејќи јонските течности и гераничната киселина веќе се сметаат за сигурни и не штетат на човечкото здравје.