Ласери наместо свеќици за подобри перформанси

Идејата сама по себе не е нова, но „Princeton Optronics“ прв покажа како процесот функционира во вистински мотор, со топлина и екстремни сили кои произведуваат илјадници вртежи во минута. „Тоyота“ имаше сличен систем во 2011 година, но никогаш не е тестиран во реални услови.

Системот и перформансите на моторот

Како што споменавме, моторот се пали со ласери наместо свеќички и троши помалку гориво во споредба со стандардите. Ласерското палење на мотори може да доведе до почисти, еколошки автомобили.

Во еден стандарден мотор со внатрешно согорување, мешавина на гориво и воздух влегува во комората каде што се запалува од свеќичката. Жешките, испуштени гасови од согорување на горивото вршат притисок врз делот за движење, односно клипот. Со генерирање на механичката енергија, се движат тркалата. Но, бидејќи секој циклус на согорување се случува многу брзо, тешко е да се добие доволно мешавина на гориво одеднаш. Проблемот е во тоа што свеќичките може само да го запалат горивото на едниот крај на комората.

Во овој мотор, еден ласер го пали горивото во средината на комората и согорувањето е побрзо и поефикасно за 27%. Ласерското палење може да ви заштеди околу 10 км, односно ако трошите еден литар гориво на 40 км, сега би поминале 50 со истата количина. Исто така емитува помалку штетни гасови, како што е азот диоксид.

Ласерите подобро ги следат илјадниците циклуси во една минута, кои се случуваат во моторот. Тие може да препознаат поточно од свеќичките кој момент е оптимален за палење. Тие дури и вршат повеќекратно палење во текот на истиот циклус во различни делови на цилиндарот со што се зголемува согорувањето на горивото.

Системот не е наменет само за автомобилски мотори. Резервните генератори и бродските мотори би можеле да имаат огромна корист. Постои голем притисок врз превозните компании да се намали загадувањето од нивните бродови. Компаниите се веќе заинтересирани за осовременување на нивните мотори со ласерско палење.

Поддржете ја нашата работа: