„NASA“ започна со склопување на џиновската ракета




НАСА започна со составување на првата ракета „Space Launch System (SLS)“ на платформата за лансирање пред нејзиниот прв лет следната година.

„SLS“ е гигантска ракета што ќе ги испрати американските астронаути на Месечината оваа деценија – при што првото слетување на екипажот е планирано за 2024 година.

Инженерите во Флорида започнаа да ги редат првите сегменти на возилото и тие се состојат два ракетни засилувачи „ бустери “ на цврсто гориво

Предвидено е ракетата да дебитира во ноември 2021 година.

SLS е огромна ракета долга 65 метри (212 стапки) со четири мотори, придружувани од двојните засилувачи на цврсто гориво. Заедно, овие произведуваат огромна моќност од 39,1 MN (мега њутни) моќност која што многу лесно може да ги подигне астронаутите во орбита па од таму да ги однесе и до Месечината.

“Бустерите“ ќе согоруваат шест тони цврсто гориво базирано на алуминиум секоја секунда и тие ќе ја обезбедуваат 75% од потисната моќ на возилото при подигнување.

Поддржете ја нашата работа: