НАСА бара помош за дизајнирање на првиот вселенски робот

Не се случува често најистакнатата вселенска агенција да упати повик за идеи како да дизајнира робот, па затоа кога такво нешто ќе се случи, тоа заслужува внимание.

НАСА бара идеи за дизајн на лебдечкиот робот Астроби кој моментално го развива. Се очекува роботот, кој е во форма на коцка, да биде лансиран идната година и да изведува рутински задачи на Меѓународната вселенска станица (МВС), и да им помага на астронаутите во секојдневните операции.

До овој момент, поголемиот дел од дизајнот на роботот е завршен, но НАСА бара дизајнерско решение за мала лесна роботска рака со која уредот ќе може да биде во интеракција со малите предмети на МВС.

Подобар увид во тоа што би требало да работи раката, може да се добие на информативната страница на НАСА за роботот Астроби.

astrobee

Роботот, на кој сите димензии се од околу 30 сантиметри, е дизајниран да им помага на астронаутите да развиваат и тестираат технологии што ќе се користат во услови на нула-гравитација, но, исто така ќе обезбеди и дополнителни аудио и визуелни информации од орбитата на контролата во Хјустон, а на екипажот на МВС ќе му помага во извршување на рутинските задачи.

Астроби, исто така може да ги следи и условите во животната средина, како што се квалитетот на воздухот и нивото на бука, што може да биде многу високо на МВС, со што ќе им заштеди време, а истовремено и ќе им помогне на астронаутите да останат здрави.

Астроби не е првиот лебдечки робот кој го користи НАСА. На МВС веќе има три лебдечки роботи кои се нарекуваат СФЕРИ, но Астроби би требало да има значително понапредни способности, делумно благодарение и на роботската рака, во чиј дизајн сега секој има шанса да придонесе.

Упатствата за да влезете во конкуренција ќе ги најдете тука. Вклучени се повеќе фази, а за да земете учество, ќе треба да се регистрирате на „Freelancer“, сајтот домаќин на натпреварот. Ако пак ова не е доволен предизвик, конкурсот на НАСА за регрутирање на астронаути што ќе патуваат на Марс, сѐ уште е отворен.

Поддржете ја нашата работа: