НАСА формираше оддел за планетарна одбрана

НАСА формираше ново тело за да ги надгледува своите тековни напори за детектирање и следење на објекти во близина на Земјата. Се работи за координативен оддел за планетарна одбрана кој ќе ги контролира сите проекти финансирани од НАСА за идентификување и анализирање на секој астероид или комета која поминува во близина на орбитата на Земјата околу Сонцето.

Од 1988 година, кога НАСА започнала да ги следи астероидите и кометите, забележани се повеќе од 13.500 објекти во близина на Земјата, и таа бројка се зголемува за приближно 1.500 годишно. За повеќето од нив воопшто не сме слушнале бидејќи не претставувале никаква опасност, но некои се доближиле доволно за да предизвикаат загриженост.

Астрономите веќе лоцирале повеќе од 90% од објектите во близина на Земјата кои се поголеми од 1 км. во должина со помош на телескопи, а сега вниманието го насочуваат кон помалите објекти од околу 140 метри, или отприлика колку едно фудбалско игралиште. Иако овие објекти се значително помали, се’ уште претставуваат значителен ризик во случај на удар, па НАСА сака да открие 90% од нив до крајот на декадата.

Координативниот оддел за планетарна одбрана ќе ја информира јавноста за најновите податоци и ќе издава предупредувања во случај НАСА да детектира некаква опасност, со цел да се спречат сите лажни закани за удари од астероиди кои се појавуваат на интернет. Одделот исто така ќе соработува и со Федералната агенција за справување со итни случаи и други меѓународни партнери за да помогне во коордирањето на реакциите во случај на вистинска закана од удар.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.