НАСА ги објави првите фотогорафии што ги направи сондата Џуно при историското прелетување над најпозната вселенска бура- Големата црвена дамка.

Сондата Џуно што орбитира околу Јупитер нешто повеќе од една година, во понеделникот помина директно над Големата црвена дамка на оддалеченост од околу 9.000 километри што е најголемо приближување што едно летало го направило досега.(„Една година од мисијата Џуно“-енаука.мк)
Овие восхитувачки фотографии НАСА ги објави онлајн и ги охрабрува ентузијатите да ги обработуваат и подобрат боите за да се нагласат различните аспекти.

НАСА во моментов исто така ги обработува фотографиите и во следните денови се очекува да бидат објавени уште повеќе.
Јавноста исто така помага во одлуката кои точки од планетата ќе бидат фотографирани.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























