НАСА им плаќа на волонтери 16.500 евра за два месеци лежење во кревет

Иако ви се чини дека ова е работа од соништата, помислата дека за два месеци треба само да се лежи, баш и не е примамлива.

НАСА ќе им плати на волонтерите 16.500 евра да поминат два месеци во кревет, со цел да им помогнат на научниците да ги намалат последиците од вселенското патување на астронаутите.

24 мажи и жени ќе бидат поделени во две групи и сместени во една соба. Од нив ќе се бара се што работат, да работат во лежечка позиција – од јадење до извршување на физиолошки потреби.

Секој од учесниците че добие по 16.500 евра.

Волонтерите ќе имаат телевизор, ќе можат да читаат и да се занимаваат со некои такви работи доколку им е досадно.

Учесниците во ова истражување ќе лежат во кревет два месеци, за да се утврди како еден вселенски лет влијае врз човечкото тело.

Станува збор за заедничка студија на НАСА и Европската вселенска агенција (ESA), која ќе биде спроведена во германскиот вселенски центар (DLR).

“Оваа студија нам ќе ни овозможи да се позанимаваме со прашањето за мускулната атрофија која ја предизвикува бестежинската состојба, космичкото зрачење, изолацијата и просторните ограничувања”, вели лидерот на истражувањето Џенифер Нго-ан од ESA.

“Различните ризици за здравјето на астронаутите мораат да се намалат на најмала можна мера, за вселенските мисии да бидат возможни”, вели таа.

Поддржете ја нашата работа: