НАСА има план како да ги пронајде астронаутите доколку се изгубат во вселената

Надворешниот Универзум сјае со светла маглина од рендгенски зраци кои стигнуваат на сите страни одеднаш. Но, доколку внимателно погледнете во таа маглина, ќе видите слаби но редовни сигнали.

Станува збор за милисекундни пулсари, неутронски ѕвезди, не поголеми градови кои се ротираат најмалку 100 пати во секунда околу својата оска и испуштаат зраци во вселената, далеку попрецизни о од најдобрите часовници.

НАСА сака да ги искористи за навигација на сонди и летала со екипаж на патувањата низ далечната Вселена.

Телескопот монтиран на Меѓународната вселенска станица, наречен истражувач на внатрешниот состав на неутронските ѕвезди (Neutron Star Interior Composition Explorer – NICER), е користен за развој на целосно нова технологија со практичен пример – галактички состав за позиционирање, вели научникот од НАСА, Завен Арзуманијан на состанокот на Американското друштво на физичари.

Со оваа технологија може прецизно да се постави сонда во орбитата околу месечината, наместо само да прелета околу неа.

Галактичкиот систем за позиционирање исто така ја обезбедува безбедносната мрежа, па доколу мисијата со екипаж изгуби контакт со Земјата, сеуште имаат автономни навигациски системи.

Моментално е практично невозможно да се пресмета неопходното маневрирање за сондата да заврши во орбитата околу Месечината на далечната планета. Во огромниот простор на вселената моментално не е возможно да се предвиди идната локација на вселенското летало.

Тоа е главната причина зошто дури и најпознатите планетарни мисии на НАСА, како на пример Voyager 1, Juno или New Horizons, беа само прелети во кои леталата поминаа блиску, но сепак само по еднаш пролетаа покрај големи планетарни објекти. [How the Voyager Space Probes Work (Infographic)]

Потпирањето на навигацијата од Земјата е проблем и за мисии со човечки екипаж. Доколку тој сигнал кој се поврзува со Земјата и далечното вселенско летало е чувствителен може да ги изгуби астронаутите за кои ќе биде тешко да се вратат назад.

Тука би станало збор за мал телескоп кој ќе ги прати рендгенските зраци, а ќе потсетува на поедноставна верзија на големиот NICER. Ќе провери барем четири од милисекундните пулсари, мерејќи ги отчукувањата на нивните сигнали, како што GPS ги мери отчукувањата на сателитите.

Три пулсари ќе му кажат на вселенското летало за положбата во просторот, додека четвртиот ќе се користи за калибрирање на својот внатречен часовник.

Поддржете ја нашата работа: