НАСА ја тестира најмоќната ракета досега

Ракетата „Space Launch System“ (SLS) успешно го помина првиот тест во пустината во Јута, а треба да се направи и втор пред да се испрати во вселенскиот центар Кенеди на НАСА од каде што ќе го направи првиот лет.

Но, поради ограничените финансиски средства од американската влада, не е јасно дали ракетата некогаш воопшто ќе полета во вселената. Иако НАСА ги има најсовремените и најмоќните ракети и системи за испраќање на луѓе во вселената, може да не биде во можност да плати за своите патувања.

Сепак, НАСА верува дека истражувањата ќе напреднуваат. „Нашите тимови вршат огромна работа за да го развијат она што ќе претставува национално средство за човечко истражување и потенцијални научни мисии“, изјавуваат експертите на НАСА.

За време на првиот тест, генераторот на ракетата бил запален две минути, исто толку време колку што ќе биде вклучен кога ќе полетува. Персоналот на НАСА искористил 532 сензори за да ја измери движечката сила, притисокот и новите надградби на генераторот. Пред запалувањето, генераторот бил загреан на 32 степени Целзиусови, што не е исто како горивото кога ќе се лансира. За време на следниот тест, ќе се олади до крајната граница и потоа ќе се запали. Тоа би требало да се случи на почетокот на 2016 година.

Ако тој тест успее, ракетата ќе биде подготвена за идните мисии во вселената. Најпрво ќе биде тестирана со помош на „Орион“ кој ќе носи луѓе на Марс. Генераторот е од особено значење бидејќи од движечката сила на ракетата, од која 75% се потребни за да ја напушти атмосферата на Земјата, зависи колку далеку ракетата ќе може да патува во Сончевиот систем.

 

Поддржете ја нашата работа: