НАСА ќе го уништи леталото Касини за да не ја загади Месечината на Сатурн

Сондата Касини која кон Сатурн беше лансирана во 1997 година, полека останува без гориво. Со цел да се избегне потенцијално загадување на Месечината на Сатурн, НАСА планира да го уништи ова летало. Пред да биде уништена, Касини ќе прелета помеѓу Сатурн и неговите прстени и ќе настојува да сними што повеќе податоци.

Роботската сонда по име Cassini Huygens, е летало кое се напојува со нуклеарна енергија, лансирана на Сатурн во 1997 година, а во орбитата на гасниот џин стигнала во јули 2004, по што и ден денес орбитира, ја документира планетата и нејзините многубројни сателити.

За жал, НАСА планира сондата да го помине својот последен круг помеѓу април и септември 2017, Касини ќе се приближува кон Титан и Сатурн, ќе патува помеѓу прстените на планетата и со тој нејзин последен круг ќе им помогне на научниците да погледнат како гигантските планети се формирале и еволуирале.

За време на прес-конференцијата која е одржана на 4ти април, научниците објасниле како и зошто планираат да ја уништат сондата во текот на чинот наречен ‘Гранд-финале’. Маневарот би требало да го потроши целото останато гориво на сондата.

Инженерот Earl Maize од лабораторијата во НАСА вели дека откритието на Касини стана негова пропаст. Имено, станува збор за топлиот и солен океан кој го откри Касини и се наоѓа под ледената кора на Месечината Енцелад. Касини досега прелетала покрај водата која ја исфрла Енцелад во вселената и ја анализираше, потврдувајќи дека океанот под ледената кора навистина може да го поддржува вонземскиот живот. Според тоа, научниците сакаат по секоја цена да ја спречат сондата да удри во Енцелад пред да остане без гориво. Ова планираат да го постигнат со маневар кој ќе ја зголеми количината на податоци кои сондата ќе ни ги прати пред да се уништи.

Касини е робот, тежок 2.78 тони, опремен со инструменти кои не се создадени за возење во ледени прсти со брзина од 112.654 км на час. Исто така, не е баш прилагоден за забивање на газовитиот џин, што значи дека конечната цел на мисијата ќе го извлече неговиот максимум од неговиот последен лет.

Поддржете ја нашата работа: