Снимени првите звуци од Марс – различни од било што друго на Земјата

Научниците наведуваат дека станува збор за првите доловени звуци од Марс за човечкото уво. Сондата Insight која од минатата недела се наоѓа на површината на Марс снимила звуци кои би можеле да го слушмене само ако користиме квалитетен сабвуфер или силни бас-слушалки.

Се проценува дека ветрот бил со брзина од 16 до 24 км/ч, а научниците наведуваат дека станува за првите звуци од Марс кои човечко уво може да ги чуе.

“Ме потсетува на попладневна седенка во летно време. Така некако можам да го опишам престојот во сондата Инсајт на Марс”, вели Дон Бенфилд, научник од Универзитетот Корнел.

Научниците кои се вклучени во проектот се сложуваат дека звукот има вонземски квалитет.

Томас Пајк од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека звуците се “сосема различни од сите оние кои што сме ги слушнале на Земјата”.

Бучавата ја направил ветрот, кој што дувал во соларните панели на Инсајт и така предизвикал вибрации на целата вселенска сонда.

Звуците беа снимени од сензорот за воздушен притисок и сеизмометарот на сондата.

Ниската фрекфенција е последица од малата густина на воздухот на Марс, но и самиот сеизмометар, чија цел е откривање на сеизмички бранови во подземјето.

Инсајт на Марс слета на 26 ноември оваа година, а снимката е објавена од страна на НАСА.

Поддржете ја нашата работа: