НАСА ќе испрати летало во близина на Сонцето

По спуштањето на роботот на Марс и испраќањето сонди на другите планети, НАСА е подготвена да лансира вселенски брод и до Сонцето.

Соларната сонда Паркер ќе биде лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал во сабота. Сондата е тешка 700 кг. а ќе се движи со брзина од 200 км. во секунда. Тоа ќе биде почеток на мисијата за решавање на загатките што ги мачат астрофизичарите веќе 60 години.

Паркер ќе биде првото летало што ќе ја досегне сончевата атмосфера. На површината на Сонцето ќе и се приближи на 6,1 милион километри, што е седум пати поблиску отколку што се приближило кое било друго летало.

Паркер најпрво ќе се движи кон Венера, втората најблиска планета до Сонцето, и ќе ја искористи нејзината гравитација за да се доближи до најсјајната ѕвезда на нашиот систем.

Кружењето околу Венера сондата ќе го насочи на патот на кој Сонцето ќе почне да се приближува во ноември. Во наредните 7 години би требало да ја обиколи планетата 24 пати и постепено се поблиску ќе се приближува кон Сонцето.

За време на мисијата сондата ќе спроведе научни истражувања во подрачјето каде има интензивно соларно зрачење и топлина.цДури со оддалеченост од 6,1 милиони километри, сондата ќе биде доволно блиску за испитување како соларниот ветар забрзува од под во надзвучната брзина.

НАСА верува дека Пркер ќе и помогне да стекне сознанија за функционирањето на ѕвездата и ќе собере податоци. Една од тајните на Сонцето е прашањето зошто корона, спротивно од законите на физиката е потопла од Сончевата површина.

Паркер ќе има 12 сантиметри дебел топлински штит, направен од јаглерод, кој би можел да поднесе температура повисока од 1.300 Целзиусови степени и интензивната радијација.

Европската вселенска агенција исто така планира во октомври да лансира сонда до Сонцето. Иако овие два проекта се развивани независно, се очекува нивна блиска соработка во иднина.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt