Минатата година НАСА им постави задача на своите научници да изработаат концепт за сонда која би можела на јупитеровата месечина Европа да почне потага по знаци на живот.
Имено, Европа се смета зе едно од местата во Сочевиот систем со најголема веројатност каде би можел да се создаде живот (освен, се рзбира Земјата), па НАСА веќе извесно време планира да ја посети.
Сега, тим од 21 научници и доставиле на НАСА студија за изводливост на таков проект, кој би имал три цели: да се бараат докази за живот, да се испита можноста за населување на Европа и да се истражат карактеристиките на површината на оваа месечина за идни роботски мисии. Тимот изработил план за мисија која го вклучува начинот на кој ќе се истражува Европа и нејзинот океан со солена вода кој веројатно се крие под ледената површина.
Изготвената студија вклучува и концепт за сонда, која би се спуштила на површината на Европа и таму би спроведувала истражувања. Ова е само прв чекор кон започнување на мисијата – планот е кон месечината на Јупитер да се испрати летало во 2020-тите. Леталото би требало неколку пати да прелета околу Европа и кон неа да ја испрати наведената сонда.
Доколку планот се реализира, тоа значи дека во наредната деценија НАСА ќе лансира летало, чија основна мисија е потрага по живот. Тоа ќе биде прв таков проект, од ‘70-тите години на минатиот век, кога со иста цел кон Марс беа лансирани леталата од програмата „Викинг“.