Кина се подготвува за револуционерна мисија за спуштање на вселенска сонда на воглавно неистражен дел од Месечината, со што покажува поголема амбиција како вселенска сила во натпреварувањето со Русија,ЕУ и САД.
Доколку мисијата “Чанг’е 4” биде успешна, Кина ќе стане првата земја која тоа успеала да го изведе.
Другата страна на Месечината е позната и како темната страна на Месечината, бидејќи никогаш не гледа кон Земјата и сеуште е прилично непозната, со различен состав од местата на поблиската страна на која се направени претходните мисии.
Лансирањето на ракетата “Долгиот марш 3Б” е закажано за во неделата наутро по локално време.
Доколку се помине без проблеми, кинеската вселенска програма ќе се пробие на првото место во една од најважните области на лунарните истражувања.