НАСА предупредува: Џиновски глечер се одвојува од Антарктикот

Американската агенција НАСА предупредува дека џиновски глечер наскоро ќе се одвои од Антарктикот.

Во соопштението на НАСА се наведува дека станува збор за глечер, кој е двојно поголем од површината на Њујорк, а кој ќе биде одделен од Антарктичкиот масив Брунт.

Научниците установиле големи кратери кои претставуваат последна фаза на одвојување на глечерот, а доказ за тоа се и сателитските снимки кои се направени на 23 и 30 јануари, оваа година.

Истражувачот Џо Мекгрегор тврди дека глобалното затоплување го забрзува топењето на мразот и на Антарктикот, и дека пукнатините на глечерот Брунт се доказ за тоа.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt