НАСА сака да направи најладно место во вселената

Една мала кутија што наскоро ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица (МВС), ќе стане најладното место во вселената.

Во кутијата, која е опремена со ласер, вaкуум, специјална комора и електромагнетен  „нож“ кој ја поништува енергијата на гасните честички, температурата ќе се спушти до точка 100 милиони пати пониска од таа која владее во длабоката вселена.

Кога атомите од гас се ладат во кутијата, тие ќе влезат во карактеристична состојба на суперфлуид, оносно Бозе-Ајншајнов кондензат.

Во таква состојба, кондензатите се „суперфлуиди“ со нулта вискозност. Тоа на атомите им овозможува да се движат без триење, како сите да сочинуваат една поврзана супстанција. Во такви услови можат да се набљудуваат повеќе како бранови, отколку како честички. Меѓутоа, такви температури не се постигнати. НАСА никогаш не создала нити набљудувала таква состојба во вселената, а на Земјата, поради присуство на гравитацијата, забележена е само во дел од секунда.

Во микрогравитацијата на МВС тие атоми ќе можат да ја задржат состојбата на суперфлуид многу подолго, што ќе им овозможи на научниците да го набљудуваат нивното однесување.

„Ако вода која е во состојба на суперфлуид ја промешате  во чаша, таа би се вртела бесконечно. Нема вискозност што ќе ја забави и ќе ја распореди кинетичката енергија. Кога подобро би ја разбрале физиката на суперфлуидите, би можеле да научиме да ги користиме за поефикасен пренос на енергија“  – вели Анита Сенгупта од „JPL“- лабораторијата.

Тестирањата во лабораториски услови ќе ги спроведуваат пет тимови, а учество ќе земат и добитниците на Нобеловата награда за физика во 1995 година кои први креирале Бозе-Ајнштајнов кондензат.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.