НАСА: Се распаѓа најопасниот глечер на Антарктикот!

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА), користејќи најсовремена технологија за скенирање на мразот на Антарктикот, предупредува дека еден од глечерите почнува да се топи од внатре создавајќи огромна празнина во својата внатрешност.

 Ако оваа шуплина продолжи да се зголемува, предупредуваат научниците, ќе дојде до отцепување на голема санта мраз од главниот глечер којашто ќе почне забрзано да се топи. Се проценува дека парчето ќе има тежина од 14 милиони тони и големина скоро колку Менхетн, а ќе го зголеми нивото на океаните за околу 4%. Односно, нивото на водата ќе се зголеми за повеќе од половина метар.
Поддржете ја нашата работа: