Национален парк со албино дрвја во САД

Скриени длабоко во шумите на паркот Хенри Коуел во Калифорнија, растат бледи дрва, наречени духови. Станува збор за албино и доста ретки дрва. Од милиони во паркот, само 13 се од овој тип.

Нивната локација ја знаат само неколкумина шумари за некој да не ги оштети. Дејв Кути е еден од нив. Неговата љубов кон дрвјата го следела повеќе од 40 години и сега работи како чувар во паркот.

„Кога почнав тука прво им кажував на луѓето за локацијата, а потоа најдов дел од дрвјата на земја, луѓето постојано ги допираа и кршеа делови од нив, па сфатив дека повеќе не смеам да им кажувам каде се наоѓаат. Овие дрва се богатство за светот. Тие се уникатни“, вели Дејв Кути – чувар на паркот.

Албино дрвата не можат да произведат хлорофил, па затоа имаат бела боја. Досега се познати само 400 вакви единки кои можат да пораснат до 20 метри.

Освен во државниот парк Хенри Коуел, овие дрва може да се најдат и во американскиот парк Хумболт.

Поддржете ја нашата работа: