Ангажирана во математиката и заинтересирана за проектот аналитичка машина. Има огромен придонес во документирање на работата на овие машини, односно нивното создавање- како финансиски, така и со предлози.
Една од поважните идеи е трансферот на контрола и работењето со циклуси, така што наредбите на програмата не би морале да се вршат по веќе зададен редослед во текот на работењето.
Ја предвидела можноста на машините за повеќе општи работи (компонирање музика, графика), но исто така и за пошироки научни апликации. Предложила со помош аналитичките машини да се пресметаат Бернулиевите броеви. Овој план се смета за првата програма, па Ада Лавлејс е првиот програмер. Во нејзина чест, еден програмски јазик го носи нејзиното име.
На нејзината работа, големо влијание имала нејзината мајка која не сакала Ада да тргне по стапките на татко си и да стане поет, па буквално вложила многу напори да ја држи подалеку од уметноста. Воглавно, позади таа одлука стојат 2 мотиви:
1. И самата се интересирала за математика, и наука општо
2. Да ја зачува подалеку од лудилото кое било карактеристично за семејството по таткова линија.
Иако Ада била извонредно успешна на професионален план, личниот живот и не и бил така успешен. На 19 години стапува во брак со Вилијам Кинг, кој набрзо станува Лордот од Лавлејс. Имаат 2 сина и една ќерка, кои подоцна тргнуваат по стапките на својата мајка. Бракот е опишан како складен. Иако таа била интелектуално надмоќна, Вилијам бил горд на нејзините достигнувања и секогаш полн со поддршка.
Во тоа време, било неприфатливо жена да се занимава со наука, па на крајот на своите дела се потпишувала А.Л.Л. Соработувала со Сер Дејвид Брустер (творецот на калеидоскопот), Чарлс Витстоун, Чарлс Дикенс, Мајкл Фарадеј и други познати умови од тоа време. .
На 29 години, по објавувањето на делото и раѓањето на третото дете, доживува нервен слом. Лекарите и препишале комбинација од лекови и алкохол, која денес се смета смртоносна. Подоцна, успева да го остави алкохолот, но наоѓа друга зависност – коцкањето.
Умира на 27 ноември 1852 година од рак на матката. Имала само 36 години. Иако живеела пред речиси 2 века, насетила голем дел од она што денес се нарекува модерна компјутеризација.
Oд 2009 година, на 15 октомври се одбележува „Ada Lovelace Day“, симболичен начин да се оддаде почит на достигнувањата на жените во науката.