Тим Вонг, биолог при Калифорниската академија на науки, кога дознал дека еден специфичен вид пеперутка која живее во Калифорнија (Californian Pipevine Swallowtail) полека изумира, создал безбеден хабитат каде пеперутките можат да се размножуваат и да преживеат во својот двор.
Пеперутката имала густа популација, но почнала да изумира во 20-тиот век бидејќи поголем дел од руралните области биле урбанизирани. Сега, во раниот 21-ви век, во градовите се особено ретки, па Вонг решил да направи нешто.
Тој изградил дом за нив во својот двор пред три години. Денес, убавите темно-сини пеперутки се враќаат во живот.
Вонг го нарекуваат „шепотач на пеперутките“ (The butterfly whisperer). Тој го поминува цело свое слободно време со пеперутките.
Открил дека додека пеперутката е се’ уште гасеница, јаде само одредено растение кое живее во Калифорнија. Но, тие растенија се исто така ретки во Сан Франциско. Нашол корен од растението во Ботаничките градини и го насадил во својот двор. Со соодветна храна и живеалиште, пеперутките се намножиле во природни услови, а тој ги наблудувал во целиот тој процес.