Научниците откриле пукнатина во магнетниот штит на Земјата

Земјата е погодна за живот благодарение на широкото макнетно поле што ја опкружува планетата, што ја штити од опасните соларни ветрови и космичката радијацијата.

Но, научниците што ја истражуваат една од најмоќните геомагнетни бури во поновата историја, откриле дека нашата заштитна бариера не е толку цврста како што се мислеше и откриле пукнатина во магнетосферата.

Истражувачите ги анализирале податоците добиени од телескопот „GRAPES-3“ лоциран во  Индија, кој на 22 јуни 2015 година регистрирал голем пробив на галактички космички зраци.

Магнетосферата на Земјата била два часа бомбардирана од овие честички кои емитираат енормно високи енергетски зрачење и патуваат низ вселената скоро со брзината на светлината.

Четириесет часа пред овој настан, од короната на Сонцето бил исфрлен огромен облак од плазма кој подоцна ја погодил магнетосферата со брзина од околу 2,5 илиони километри на час.

Ова поттикнало силна геомагнетна бура која предизвикала прекин на радиосигналите во некои земји на повисока географска ширина во Северна и Јужна Америка. Исто така предизвикала и супернаелектризирана аурора борелис, што се создава кога наелектризирани честички од вселената ќе стигнат до атмосферата на Земјата.

_b9469bee-a1b9-11e6-93ed-ab826829dd0b

Врз основа на податоците од „GRAPES-3“ за тој ден, истражувачите направиле бројни симулации, а резултатите покажуваат дека магнетосферата била привремено напукната што било причина за проблемите со радиосигналите.

Истражувачите се сомневаат дека геомагнетната бура била доволно силна, што практично успеала да го „реконфигурира“ нашиот магнетен штит и да создаде слаби точки кои овозможиле премин на радијацијата и космичките зраци.

„Ваквата ранливост може да се случи кога магнетизираната плазма од Сонцето го деформира земјиниот магнетен штит, растегнувајќи го на половите, со што се намалува неговата способност да ги одбива наелектризираните честички“- пишува на веб страната на „American Physical Society“.

Фактот дека вакво нешто се случило е причина за загриженост, велат истражувачите, бидејќи укажува дека нашето магнетно поле се менува – или подобро кажано ослабнува на некои делови.

„Ова укажува дека е можно привремено слабеење на магнетниот штит на Земјата и може да содржи индиции за идните супербури кои би довеле до онеспособување на модерната технолошка инфраструктура и загрозување на животот на астронаутите“, се вели во извештајот од истражувачите.

Истражувањето е објавено во „Physical Review Letters“.

Поддржете ја нашата работа: