Научниците покажуваат дека кучињата се најдобри пријатели на човекот

Во градот Флорида, по масовното пукање во геј клубот во Орландо, се одржал настан во кој 12 златни ретривери имале шанса да го покажат она што најдобро го знаат, а тоа е нивната способност за укажување на комфорт, односно утеха на сопственикот преку само еден поглед во очи.

Овие 12 златни ретривери се вклучени во тимот за помош при катастрофи познати под името „К-9 тим“. Секој од златните ретривери, уште како кученце, бил одбран според своето однесување, а подоцна бил дресиран да биде мирен и нежен со сопственикот, но и да не прави врева.

Како помагаат кучињата?

Бројни истражувања имаат покажано дека кучињата имаат способност да влијаат врз човековите расположенија, чувства и стресови.

Истражувањата докажуваат дека кучињата имаат т.н. биолошки ефект познат и под името,,љубовен хормон“, кој игра важна улога во приврзувањето на кучето со сопственикот.

„Кучињата имаат посебна врска со луѓето“, вели Б. Хер, професор на Универзитетот Дјук. Проф. Хер вели дека со само еден поглед кучињата ни го зголемуваат окситоцинот, па затоа тие се способни да ни го променат депресивното расположение во позитивно.

Зголемениот окситоцин овозможува подобрена доверба, способност за толкување на изразите на лицето, за надминување на параноја или какви било други про-социјални последици.

100711942_epa05365845-comfort-dog-orlando-shooting-news_1-xlarge_trans++gsaO8O78rhmZrDxTlQBjdEbgHFEZVI1Pljic_pW9c90Според науката, оние луѓе кои поседуваат кучиња имаат мала можност да заболат од некоја болест, но исто така е помала можноста и за добивање на инфаркт.

Повеќето доктори, психијатри и психолози им препорачуваат на своите пациенти кучиња како лек против депресија, бидејќи ги сметаат кучињата за најдобри човекови пријатели!

Поддржете ја нашата работа: