Инспирирани од ликот на Вулверин, научниците развиле транспарентен растеглив материјал кој самиот се лекува и би можел да се користи кај вештачките мускули, во роботиката, електронските уреди, батериите и биосензорите.
Крајниот производ е мек материјал, како гума, за кој научниците велат дека се произведува лесно и евтино. Може да се растегнува до 50 пати од својата оргинална должина и може самиот да се излекува од исеченица во текот на 24 часа на собна температура.
Материјалот исто така е и јонски спроводник, што значи дека може да спроведува електрична енергија преку протокот на јони. Ова е прв пат научниците да комбинираат својства за самолекување во јонски спроводник.
Овој материјал се’ уште се наоѓа на својот почеток и научниците допрва ги истражуваат неговите примени, но неговата уникатна комбинација на својства би можела да ја направи следната генерација на роботи и електронски уреди поиздржлива од кога било досега.
Истражувањето е објавено во „Advanced Materials“.