Науката за „билдање“ на мускулите

Вежбањето секако е најважниот фактор за добро изградени мускули, но подеднакво важно е и добро да ги нахраните после тоа. За време на вежбањето, во мускулите се случуваат микро пукнатини, кои треба да се обноват, а за тоа се потребни протеини.

Видеото направено од Американската хемиска асоцијација ја обаснува науката за „билдање“ на мускулите.

Намирниците, како што се црвеното месо, живината,  јаткастите плодови и јајцата се богати со протеини, кои после конзумирањето се разложуваат на амино киселини. Оштетувањата настанати во мускулите претставуваат сигнал амино киселните да се претворат во нови мускулни клетки и други клетки кои се одговорни за зацврстување на пукнтините, што ги прави мускулите поголеми и конечно ќе ве направи поцврсти.

Сепак, растот на мускулите се одвива само ако има доволно амино киселини кои ќе ги репарираат овие микро пукнатини. Доколку не јадете доволно протеини, малите оштетувања во мускулите нема сами да се излечат, така што вие ќе станете послаби отколку пред да почнете да тренирате.

Според Медицинската школа на Харвард, релативно активните возрасни лица треба да земаат 10 проценти од вкупниот калориски внес, што е приближно колку и препорачаната дневна доза од 0,8 грама протеини по килограм телесна тежина. За лице со тежина од околу 80 кг. тоа би изнесувало 63 грама протеини дневно. Најдобро е да се јадат отприлика 20 грама протеини веднаш после тренингот, за да се обноват микро пукнатините. Сепак, мора да го одредите вистинскиот баланс што одговара на вашата рутина – ако не вежбате и јадете протеини како спортист, тие можат да  се претворат во масти.  

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.