Неверојатна снимка – јазовец закопува цела крава

Истражувачите од Универзитетот во Јута успеле на камера да забележат јазовец како закопува труп од цела крава.

Тие оставиле седум трупови од крави на „Gressy Mountains“ во Јута, со цел да го проучуваат природното „чистење“ на теренот.

На едно од местата трупот исчезнал, а по прегледувањето на снимките од поставените камери останале зачудени кога виделе како еден јазовец  ја закопува целата крава. За тоа му биле потребни четири дена.

Познато е дека јазовците ги  закопуваат резервите храна, за да можат подоцна да ја јадат, но никој не помислувал дека еден јазвец може да закопа тело кое е четири пати поголемо од него.

Како изгледа тоа, погледнете  во видеото подолу

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.