Речиси 90 отсто од најголемата колонија на кралски пингвини е исчезната

Последните сателитски снимки и нова студија покажаа дека само 200 000 кралски пингвини преостанале на островот Кошон од вкупно два милиони во 1982 година.

Причината за драстичното исчезнување на овој вид пингвини се уште претставува загатка за научниците, но тие го вперуваат прстот кон климатските промени.

Островот е дом на најголемата колонија на кралски пингвини во светот.

Екологистот Хенри Вајмерскирч од Центарот за биолошки истражувања во Шизе, Франција, е првиот кој посведочил за колонијата во раните 80-ти и планира да се врати на островот наредната година откако во последните три децении сателитските снимки го покажуваа намалувањето на популацијата.

„Ова е сосема неочекувано е, а е особено значајно бидејќи претставува речиси една третина од популацијата на кралски пингвини во светот“, вели тој.

Ова е лоша вест затоа што овие пингвини несат само едно јајца во период на гнездење. Пингвините го носат јајцето на своите нозе, а партнерите се менуваат на неколку недели за штитење и инкубирање на пилето додека не се изведе. Овој процес може да трае до два месеци.

Поддржете ја нашата работа: