Износот на кислород во океаните од 1960 година се намалила за два отсто и тоа намалување би можело да има тешки последици на морските екосистеми, предупредува истражувањето објавено во списанието Nature.
Количината на кислород во океанската вода од таа година е за четири пати намалена до денес. Се предвидува намалување за еден до седум проценти на кислород во океаните до 2100 година, предизвикано од намалената растворливост на кислород поради загревање на водата и слаба вентилација во длабочините.
“Таквото намалување на износот на кислород во океаните може да влијае на синџирите на исхрана и морските живеалишта, со потенцијално фатални последици за риболовот и крајбрежните економски активности”, истакнуваат истражувачите.
За разлика од претходните истражувања кои го следеле периодот и помалите области, ова истражување се однесува на сите океански води во текот на изминативе 50 години.
Научниците забележале значителен пад на нивото на кислород во сите океани, открива Денис Гилберт од Институтот Maurice-Lamontagne во Канада.
“Падот на кислород за два проценти можеби не изгледа голем, но неговите последици на морските екосистеми би можеле да бидат тешки во океанските подрачја каде нивото на кислород е веќе ниско, и би можеле да се преминат критичните граници за преживување”, вели Гилберт.
За пониските нивоа на кислород се одговорни и факторите поврзани со глобалното затоплување, како зголемувањето на CO2 и потоплите води, додава научникот.