Нов рекорд: Сондата Паркер му пријде на Сонцето најблиску до сега

Соларната сонда Паркер на американската вселенска агенција НАСА се најде најблиску до Сонцето од кое било друго вселенско летало досега.

Паркер го премина рекордот од 43 милиони километри оддалеченост од Сонцетокој  што го постави сондата Хелиос-2 во 1976 година.

Таа ќе продолжи да се доближува до Сонцето и следната недела за прв пат ќе прелета низ короната, надворешната сончева атмосфера, на 24 милиони километри од површината на нашата ѕвезда.

Паркер во текот на наредните седум години ќе се доближи до Сонцето 24 пати, а најмалата оддалеченост ќе биде само 6 милиони километри.

Лансирана во август, Паркер преку ноќ треба да постави уште еден рекорд – ќе ја надмине рекордната брзина на Хелиос-2 од 247.000 км/ч.

 

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,951.75 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.