Нов робот на НАСА кој ќе ги поправа расипаните сателити во орбитата

Кога еден сателит ќе снема гориво или нема да успее во распоредувањето на соларните панели, кој може да го поправи тоа? Во моментов, не постои сигурен начин за да се поправат физички работи во вселената, што значи мултимилионските сателити може да станат бескорисни доколку се појави некој мал проблем. Но, НАСА сепак, се залага за решение. Оваа недела, вселенската агенција објави дека одвојува 127 милиони долари за финансирање на сателит кој ќе ги поправа и ќе ги дополнува со гориво другите во орбитата.

Сателитот „Restore-L“ го развива компанија наречена „Space Systems Loral“ во Пало Алто, Калифорнија. Сателитот ќе има автономна навигација, подвижни роботски раце, комплет на алатки и гориво за да ги дополнува вселенските летала на кои им е потребно.

Според проценките на компанијата, сателитот може да се лансира во 2020–тата година. Неговата прва мисија може да биде да го дополни со гориво „Landsat-7“, кој обезбедува сателитски снимки за Геолошкиот институт на САД.

restore-l_copy

Покрај сервисирањето на сателити кои инаку би се изгубиле, НАСА смета дека „Restore-L“ може да го отвори и патот за орбитални станици за полнење гориво и производствени центри. Исто така, може да помогне во чистењето на остатоци кои ги загрозуваат другите вселенски летала во орбитата.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.