Нова апликација за контрола на децата

Според „Common Sense“, непрофитна организација од Сан Франциско, користењето на „гаџети“ од страна на децата е три пати поголемо во однос на 2011 година.

Децата најпрво учат како да ги користат паметните телефони, а дури потоа да го напишат своето име или пак да си ги врзат патиките.

Новата апликација наречена „DinnerTime“, наменета за андроид и ајфон системи им овозможува на родителите да го ограничат пристапот. Имено, откако ќе го паузирате уредот, сите функции се блокирани, вклучувајќи ги апликациите и текстингот.

За да ја користите апликацијата, потребно е да ја инсталирате во уредот на детето. Може да користите тајмер почнувајќи од 30 минути до 3 часа. На екранот ќе се појави тајмер кој одбројува кога уредот повторно ќе биде активен.

DinnerTime Plus “ e уште една бесплатна апликација која дава увид во апликациите кои вашите деца ги користат.

Кимберли Јанг, психолог кој се фокусира на зависноста од интернет, ја истакнува потребата од контрола на детските активности на интернет. Но, исто така напоменува дека апликациите од ваков тип не можат да го заменат старомодното родителство.

Поддржете ја нашата работа: