Покрај нуклеарната енергија, сите останати енергетски извори се исто така директно или индиректно зависни од Сонцето. Истражувачите со години се обидувале да добијат што повеќе енергија од нашата ѕвезда, а многу истражувачки тимови досега се обидувале да креираат гориво од сончева светлина. Сега, истражувачите успеале од лисја да направат гориво и тоа со имитирање на фотосинтеза.
Како што е соопштено во Nature Energy, истражувачите сега превзеле значителен чекор напред во користење на сончевата светлина за да се поделат молекулите на водата во водород и кислород. Додека вештачката фотосинтеза се прави веќе со декади, методата користена во најновава студија е еден вид на полу-вештачка фотосинтеза, каде биолошките и неоргански системи функционираат заедно. Методата користи ензими за постигнување на реакција, и е способна да апсорбира многу повеќе сончева светлина отколку природната фотосинтеза.
“Природната фотосинтеза не е многу ефикасна бидејќи е еволуирана колку да преживеат растенијата, што значи дека се создава минимална количина енергија потребна за тоа – околу 1-2% од она што билката потенцијално би можела да конвертира и складира,” вели лидерот на студијата Katarzyna Sokół, од Универзитетот во Кембриџ во соопштението.
Тимот го користел природниот процес кој го има во алгите. Алгите имаат ензим наречен хидрогеназа која може да ја разделува водата, процес кој веќе не им е потребен да опстанат но е корисен за нас. Истражувачите успешно успеале да ја искористат хидрогеназата со фотосинтетички систем со што постигнале полу-вештачка фотосинтеза за прв пат досега. Со тоа, тие постигнале полу-вештачка фотосинтеза, напојувана исклучиво од соларна енергија.
“Возбудливо е тоа што можеме селективно да ги избереме процесите што ги сакаме и да ја постигнеме реакцијата што ја сакаме која е недостапна во природата. Ова може да биде одлична платформа за развој на соларни технологии. Пристапот може да се искористи за да се спојат други реакции заедно за да се види што може да се направи, нешто да се научи од овие реакции, а потоа да се изградат синтетички, посилни технолошки парчиња за соларна енергија”. – додава Sokół.