Нова метода за откривање и превенција на ракот на дебелото црево

 

Истражувачи од универзитетот во Мичиген тврдат дека пронашле врска помеѓу бактериите во цревата и ракот на дебелото црево.

Анализирани се фекални материи од 3 групи на лица (здрави, со преканцерогени полипи и во напредна фаза на рак). Наодите велат дека секоја група имала различни бактерии во цревата.

Анализата на стомачните бактерии во комбинација со други тестови и фактори како што се возраст, раса и телесна маса, ја зголемува детекцијата на преканцерогени полипи за 4,5 пати.

Според Американското здружение за рак, луѓето со афроамериканско потекло имаат малку поголем ризик за рак на дебелото црево, во однос на белците, како и оние лица над 50 годишна возраст.

Истражувањето е објавено во списанието “Cancer Prevention Research”.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt