Нова техника за поевтино производство на соларна енергија

Глобалниот пазар на фотоволтаична енергија забележа брз пораст во последниве години, како резултат на целите за обновлива енергија и контролата на емисиите на CO2.

Меѓутоа, сегашните комерцијални методи кои нашироко се користат за да се генерира „PV“ енергија, како на пр. технологиите засновани на силициум или тенка фолија, се многу скапи бидејќи се обработуваат преку технологии засновани на вакуум. Развојот на нови технологии и пронаоѓањето на нови материјали би можело да го намали овој трошок.

Научниците од Ексетер го откриле тој материјал, минерал наречен перовскајт, кој би можел да биде клучен за поевтиното производство на енергија.

Научниците спровеле истражувања во Бразил, САД, Шпанија, Кина, Обединетото Кралство и Саудиска Арабија и успеале да ја потврдат ефикасноста на овој материјал при претворањето на соларната енергија во електрична, при различни атмосферски услови, а не само при директна изложеност на сонце.

Истражувањето е објавено во „Solar Energy Materials & Solar Cells“

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt