Нова технологија што и не е така нова: ЕКРАН НА ДОПИР

Една година пред да се појави првиот „iPhone“, „LG“ претстави телефон со екран на допир. Но, и тоа не е првиот таков телефон.

Првиот телефон со екран чувствителен на допир е „Simon“ на „IBM“, од 1992 година. Но, сепак, оваа технологијата постои и пред „Simon“.

Прв таков уред бил таблетот  направен од Е.А. Џонсон  во 1965 година, кој бил користен за контрола на воздушниот сообраќај до 1995 година. Бент Стамп и Френк Бек го направиле првиот функционален екран на допир во почетокот на 1970–тите, но за разлика од таблетот на Џонсон, овој екран не можел да се притиска со прсти, туку за притискање се користел уред во вид на пенкало. Во 1971 година, Самјуел Хрст го развил првиот отпорен екран на допир што го нарекол „елограф“. Во 1985 година, „HP“ го направи првиот компјутер во светот, со екран осетлив на допир – наречен „HP-150“. Во 1993 година и „Apple“ го направил својот прв уред со таков екран – наречен  „Newton Personal Digital Assistant“, но производот бил неуспешен и слабо се продавал.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt