Научниците ја претставија новата контрацепциона вакцина за мажи за која тврдат дека е поефикасна од пилулите за жени и дека спречуваат бременост до две години.
Контрацепцијата за мажи не се менувала со векови и главно е ограничена на кондоми или вазектомија, а сега научниците создадоа инјекција која го блокира движењето на сперматозоидите.
За претходната слична вакцина за мажи се појавија низа негативни несакани ефекти, како депресија и болки во мускулите, поради што после една година, студијата ја напуштиле 20 мажи.
Вакцината не е хормонска, и е тестирана на мајмуни. Резултатите биле видливи по две години – мајмуните кои ја примиле вакцината две години не успеале да ги оплодат женките.
Оваа вакцина би можела да биде решение за мажите кои подлежат на вазектомија.
Вакцината делува така што се вбризгува гел во цевчето кое ја пренесува спермата од тестисите до уретрата, и го блокира тој пренос.
“Оваа идеја, како замена за традиционалниот метод на вазектомија со вбризгување на гел не е нова, меѓутоа последните неколку години не направивме никаков нејзин развој, така што ова истражување е корисен чекор во права насока,“ вели Алан Песај, проф. по андрологија на Универзитетот во Шефилд, и експерт за плодност.