Новата слика на НАСА открива нешто чудно кај прстените на Сатурн

НАСА објави нова слика од нашата омилена планета со прстени – Сатурн, снимена со вселенското летало Касини минатиот месец на оддалеченост од повеќе од 1,8 милиони километри.

Ако погледнете подобро, ќе забележите дека изгледа како два од нејзините прстени да се чудно изобличени како што се доближуваат до телото на планетата.

За среќа, не се работи за никакво физичко тело, туку верувале или не за неверојатна оптичка илузија во вселената.

На сликата изгледа како прстените А и Ф на Сатурн да се извиткани бидејќи атмосферата на планетата делува како многу голема леќа, објаснува медиумскиот тим на НАСА.

Saturnbend_web_1024Прстените на Сатурн рефлектираат огромна количина на светлина – повеќе од сите ѕвезди околу нив, поради што никогаш не можат да се видат ѕвезди на сликите од Сатурн. Камерите не можат да ги снимат и прстените и ѕвездите без да се заситат со премногу светло, па мора да користат пократко време на изложување на светлина, поради што не можат да ги сликнат и ѕвездите.

Ова исто така значи дека горниот дел од атмосферата на Сатурн е бомбардиран со светлина, и додека таа апсорбира голем дел од неа, нешто успева да премине преку неа и потоа да се врати назад во вселената, притоа прекршувајќи се како што патува низ атмосферата.

Кога светлината поминува низ атмосферата, таа делува како леќа, притоа превиткувајќи ја светлината како што таа се движи во вселената. Затоа на сликата прстените на Сатурн ни изгледаат извиткани, иако тие се всушност прави и неверојатно рамни како и секогаш.

pia20491-1041

Поддржете ја нашата работа: