Нови батерии за електричните автомобили

Една израелска компанија во Канада претстави нова алуминиум-воздух батерија.Компанијата тврди дека батеријата му овозможува на автомобилот да  помине до 1600 километри.

Така наречените метал-воздух батерии постојат  веќе подолго време,но нивната употреба е ограничена заради неможноста повторно да се наполнат и кога ќе се потрошат мора да се заменат со нова.

Електричната енергија што ја произведуваат овие батерии е  резултат на хемиска реакција помеѓу алуминиумски плочки потопени во обична вода и кислородот од воздухот.Но,штом алуминиумот оксидита и реакцијата престанува.

 

Израелската компанија тврди дека нивната технологија овозможува оваа реакција да продолжи така што автомобилот може да вози уште стотици километри.

Истрошената батерија може брзо да се замени во бензинските станици,додека алуминиумот од истрошените батерии може да се рециклира и да се употреби за нови батерии.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt