„Airselfie“ е дрон со кој ќе можеме да правиме фотографии и видеа од воздухот. Идеата е на италијанскиот претприемач Едуардо Стропиана уште од 2014 година.
„Дронот е специјално дизајниран за луѓето кои претходно мислеа дека употребата на овие беспилотни летала е премногу скапа и доста комплицирана”, рече Стропиана.
Овој дрон поседува 5 мегапикселна камера со која може да се снимаат 1080p HD видеа и има 4GB microSD картичка. Со помош на овие апарати, луѓето може да снимаат од поголема далечина, височина и од различни агли, што не е возможно кога се користи класичниот селфи стап.
Дронот лета со помош на ротор 20м во височина. Тежок е 52 грама, и димензии 9.45 x 6.73 x 1.07 см. Значи „Дронот е помал од паметен телефон“ вели Стропиана.
Со помош на сонарот, дронот ја мери висината и одржува стабилност, а со малата додатна камера ја снима околината. Исто така е опремен со жироскоп, барометар и геомагнетни сензори кои помагаат во навигација за време на летот.
„Airselfie“ се контролира бесплатно преку iOS или апликации за андроид. Со помош на апликациите дронот може да лета, прилагодува висина и насока, самостојно да лебди во воздухот и да направи фотографии и видеа.
Корисниците можат да активираат тајмер од 10 секунди, па луѓето можат да ги сокријат своите мобилни телефони за да не се гледаат на фотографијата или видеото. Дронот може да направи до 8 последователни фотографии.
Со помош на „Wi-Fi“, дронот ги праќа фотографиите до телефон, и корисникот може веднаш да ги објави своите фотографии на социјалните мрежи. Со притискање на копче, дронот автоматски се враќа на почетната точка.
Како резултат на литиум-полимер батерија беспилотно летало може да лета 3 минути, целосно се полни за 30 минути со помош на „Power Bank“. Корисниците можат да го пополнат и директно со микро USB кабел.
Оваа направа на пазарот се очекува 2017 година, и би чинела околу 300 долари.