Новиот неодолив робот на Дизни

Сега направија робот кој црта слики распослани по плажите.

Роботот, кој соодветно го носи и името „Beachbot“, работи на тој начин што влече сет од игли низ песокот, нешто налик на гребло. Секоја игла посебно се подига, со што се овозможува да се цртаат линии со различна дебелина. Повеќе игли надолу = подебеланацртаналинија.


Работата почнува со тоа што прво уметникот го обележува просторот со поставување колци, кои ќе му служат на роботот како маркери за да ја пресмета својата позиција. На роботот потоа може да му се пренесе сликата која тој ја црта автоматски или пак уметникот може рачно да го управува.

„Beachbot“ се движи на големи меки тркала кои Дизни ги нарекува „балон тркала“ (balloon wheels). Тие му овозможуваат да се движи низ песокот без да остава траги или да го уништи тоа што е веќе нацртано.

И ќе речете зошто? А зошто да не? Не е потребно многу мислење за да се најде практична примена дури и само во рамките на кралството на Дизни. Гостите од хотелите што Дизни ги има на плажите, кога ќе се разбудат наутро ќе можат да го видат својот омилен лик нацртан на песокот пред својата соба. До ручек, плимата ќе го избрише и пак ќе може да се подготви за нов цртеж за следниот ден.

Овој проект, како и добар дел од останатите проекти на Дизни,е изработен во соработка со швајцарската инжeнерска школа  „ETH Zürich.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt