Облека која ја менува бојата според климата

Но, највпечатлива е камелеонската мода

Накитената шапка, со скапоцени камења „Сваровски“, ја менува бојата врз основа на топлината што се создава од страна на нервната активност на носителот, благодарение на хиперпроводните камења и мастилото чувствително на топлина. Трите скулпторски кожени јакни се полни со формули за бои кои ја менуваат бојата во зависност на различни стимули: триење, температура и влажност на воздухот во просторијата и интензивно загревање. Во просторијата е изложен и кревок керамички фустан наречен „Eighthsense“, покриен со рачно насликани пиксели кои рефлектираат мозочна активност детектирани од страна на придружните ЕЕГ слушалки.

Ова е формалното запознавање на јавноста со „The unseen“, трио лондонски модни дизајнери кои користат хемија, дигитална технологија и исклучителни подесувања за да создадат магија. Триото често самото се нарекува „креативни вештерки“.
Едната од нив, Бовкер, претходно работела како консултант во бројни текстилни области, од мода до авијација. Во 2013 година, со помош на грант за иновации, е започнат овој магичен проект.

Која е целта

Крајната цел е да им се помогне на луѓето, односно да започне да се произведува хемиски текстил, како една од нејзините претходни идеи за реакциони завои, која е отфрлена поради финансиски проблеми.

Со оваа изложба, дизајнерите се обидуваат да поттикнат размислување за хемијата и технологијата во текстилната индустрија.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.