Па, што е остатокот? Нешто мистериозно, невидливо, а тоа е црна материја. Но, од што е направена црната материја?
Една од главните задачи на Големиот хадронски судирач е токму тоа – да го открие составот на црната материја. Во текот на последните неколку децении, научниците дошле до многу можности. Еве една некомплетна листа на можностите досега:
- Масивни честички со слаба интеракција (WIMPs)
- Масивни компактни кружни објекти (MACHOs)
- Големи групи на масивни барионични објекти (RAMBOs)
- Макроскопски објекти (macros)
- Кафеави џуџести ѕвезди
- Бели џуџести ѕвезди
- Неутронски ѕвезди
- Црни дупки
- Аксиони
- Неутрини
- Неутралини
- Стерилни неутрини
- Гравитини
- Фотини
- Екстрадимензионална маса
- Дефекти во топологијата на квантното поле на универзумот
- Не-Њутнова и Не-Ајнштајнова гравитација
- Паралелен универзум на темна материја
Поддржете ја нашата работа: