За тоа колкава заработка и носел на Македонија, можеби најдобро зборува она што денес се наоѓа на македонскиот национален грб.
Владан Јовановиќ, „Македонски опиум: за финансиските и политичките размери на феноменот (1918-1941)“, Годишњак за социјална историја, XVI/3, Белград 2009, страна 69-79.
Во индустријата на лекови која била темелена на опијати, и која растеше во текот на дваесеттиот век, едно од клучните места имал и македонскиот опиум и тоа не само на легалниот туку и на црниот пазар – велат новите истражувања на историографите.
Македонскиот медицински опиум, кој поради високиот квалитет се продавал на светскиот пазар, најпрво го откупувале водечките европски фармацевтски компании, за после 1928 година цело југословенско производство да го превземат американските фабрики.
Во објавената статија, историографот од Институтот за понова историја во Србија, Владан Јовановиќ во неколку фази ги реконструира малку познатите аспекти за извозот на квалитетен македонски сиров опиум за американските фармацевтски компании околу триесеттите години од минатиот век, кога американско – југословеските односи го преминуваат доменот на економска соработка.
До 1928 година, американските фармацевтски фабрики биле меѓу најпрофитабилните гранки во индустријата, а “во златната ера” (1930–1960) го достигнале првото место, пишува Јовановиќ и напоменува дека помеѓу основачите на фармацевтските фабрики ширум Северна Америка доминирале семејства на германски емигранти.
Германскиот “бренд хероин”
Морфинот е официјално издвоен од опиумот и патентиран во бранот на германскиот научен ентузијазам од крајот на осумнаесеттиот век. во хемиската работилница Мерк во Дармштат, а диацетилморфинот стана заштитен знак на Баер, кој под својот бренд „хероин” некое време го продаваше како лек за кашлица и туберкулоза, потсетува авторот.
Побарувачката за наркотици во тоа време била исклучително висока. Според шефот на Сојузната канцеларија за наркотици Хари Ј Анслингер, во текот на 1931 година во САД имало околу 140.000 зависници од дрога, а според слободни проценки, имало околу еден милион луѓе зависни од дрога.
Во Њу Јорк во двесеттите години од минатиот век месечно се произведувало по 8,4 тони хероин. Ситуацијата станала посложена кога во работата со опијатите се вклучила њујоршката мафија – напоменува Јовановиќ.
Главен снабдувач и дистрибутер на хероин од германските фабрики бил Арнолд Ротстеин, а сицилијанскиот емигрант Чарлс Лаки Лучано бил поврзан со париската организација на Ели Елиопоулос, син на грчки дипломат во Турција, кој од 1927 година шверцувал опиум и хероин во Франција, Америка и на Далечниот Исток.
Најдобар мак од Повардарието
Кон крајот на 19 век, кога американскиот конгрес ја донел првата забрана за опиум за да ја заштити белата популација, турските сопственици го засилиле белиот афион во Повардарието.
Во тој дел од Отоманската империја, благодарение на агробиолошките предности на македонската почва, афионот добро успевал и станал еден од најдобрите во светот. Тој содржел 14-16 отсто морфин, за разлика од, на пример, кинескиот, чија „морфинажа“ изнесувала само 3-5 проценти. Земјоделците брзо биле убедени во исплатливоста од собирањето „кафен катран” од неговите стебленца, вели авторот.
Во последната деценија на 19 век по долината на Вардар годишно се произведувале околу 70 тони сиров опиум, што подоцна се извезувал преку Солун. До 1928 година се извезувал во Германија (55 отсто), Швајцарија (25 отсто) и Франција (10 отсто), а само во 1928 година биле извезени 145 тони македонски опиум.
42 тони опиум годишно
Од 1929 до 1934 година речиси целото годишно производство го откупувале американски фабрики, по што следува период на меѓусебни опструкции и ривалство во бизнисот, меѓу турско – југословенското Централно биро на пазарот во Америка. Фазата завршила кога нивото на незаконска обработка и шверц на дрога во Југославија ги загрозило односите со САД пред почетокот на Втората светска војна.
Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, од југословенската монархија од 1927 до 1939 година биле извезени вкупно 668 тони сиров опиум во вредност од 386 милиони динари. На годишно ниво, ова изнесувало во просек 42 тони опиум вреден 29 милиони динари, што одговарало на просечните буџетски приходи на целата Вардарска бановина.
Со оглед на фактот дека во кралството Југославија годишно биле шверцувани 8-10 тони опиум, може да се заклучи дека речиси една четвртина од легалното производство всушност била пуштена во нелегална трговија – истакнува Јовановиќ.
Ако на тоа се додаде шверцот на готовите деривати на опиум (морфин, хероин и кодеин) во САД и поврзаноста на белградските и скопските криминални организации со водечките европски мрежи за транспорт на дрога преку Атлантикот, тогаш зголемениот интерес на американската дипломатија за ситуацијата во Југославија од крајот на 1937 година станува разбирлив.
Директните притисоци од американската амбасада во Париз, при кои дејствувал сервис за следење на трговијата со наркотици, влијаеле врз југословенските власти да го заострат законодавството и со тоа барем на момент да ја запрат агресивната криминализација на некогаш ветувачкиот земјоделски сектор.
За време на Втората светска војна британските, иранските, индиските и мексиканските пристаништа станале нови извори на нелегален прилив на суров опиум во Америка, на местото на дотогашните активни југословенски, италијански и кинески пристаништа, кои во текот на војната биле целосно отсечени, заклучува Јовановиќ.