Океани во внатрешноста на Земјата?

Под океаните, Земјината кора е дебела околу 5 километри, па сепак , како да е светлосни години далеку, со оглед на тоа колку малку знаеме за овој витален дел од нашата планета.

На пример, дали таму долу има повеќе вода отколку што мислевме? Со децении, претпоставката на научниците е дека океаните настанале од комети кои ја погодиле површината на Земјата. Меѓутоа некои научници, како професорот Стивен Јакобсен од Универзитетот Нортвесетерн, сметаат дека и карпите од Земјината обвивка имаат  уддел во создавањето на водата, особено силикатот богат со магнезиум, наречен рингвудит (ringwoodite)

„Се обидувам да го поставам големото прашање од каде дошла водата. Една од причините поради што ги проучувам карпите е тоа што тие ни даваат можност да ѕирнеме назад во времето“, вели Јакобсен. Тој се обидел во лабораториски услови да направи копија на рингвудитот, но не бил во можност се додека не додал вода.
Како што објаснува Јакобсен, откриениот дијамант што содржи грутка од рингвудит, што бил исфрлен од вулкан пред милиони години, покажал дека минералот содржи онолку вода колку и примероците што тој ги направил во лабораторија. Рингвудитот може да задржи 10 пати повеќе вода отколку што претходно се мислело, што значи дека може се’ уште да има водени океани  во карпите од обвивката под нас.


Поддржете ја нашата работа: